
Малтитол во прав
Малтитол во прав е субститут за шеќер кој често се сретнува во денешната храна. Најчесто се користи како додаток во торти, пецива, мастики, чоколада како и други слатки производи. Се користи и како замена за шеќер, поради неговата слична блажина.
Пакување:
25 кг вреќи

Павлака млечна 42%
Млечна павлака во прав се произведува од свежо кравјо млеко. Откако млекото ќе се пастеризира и стандардизира, се згуснува и потоа се суши со процесот spray-dry за да се добие прав. Содржи 42% масти. Може да се користи во различни примени, како што се: пекарски производи, чоколади, слатки, сладолед и слично.
Пакување:
25 кг вреќи

Анхидратна млечна маст
Анхидратна (без-водна) млечна маст е млечен производ богат со масти. Се подготвува со загревање на путер со цел да се испари речиси целата вода. Ова создава карактеристичен вкус. Нејзината стабилност на амбиентална температура е придобивка при складирање. Најчесто се користи во млечната индустрија, чоколадната индустрија, индустријата за сладолед, како и за готвење.
Пакување:
25 кг. Блок

Локум полужив
Се користи во слаткарската индустрија.
Пакување:
12кг. кутија

Субститут за полномасно млеко
Субститутот за полномасно млеко е производ создаден од млечна основа, на која се додаваат растителни масти. Погодна за најразновидни употреби во индустријата за храна.
Пакување:
25 кг вреќи

Суруткин пермеат
Суруткин пермеат е течноста што останува откако млекото ќе засири и ќе се исцеди. Од ова се прави прашкаста форма преку процес на сушење. Пермеатот содржи повеќе лактоза (млечен шеќер), а помалку протеини од сурутката во прав.
Пакување:
25 кг вреќи

Протеин од сурутка 80% (концентрат)
Протеинот од сурутка е изолиран од млечната сурутка, што е течниот дел кој се одвојува за време на производството на сирење.
Пакување:
15 кг вреќа
20 кг вреќа

Слатка сурутка во прав
Сурутка е течноста што останува одкако млекото ќе засири и ќе се исецди. Потоа се прави во прашкаста форма преку процес на сушење.
Пакување:
25 кг вреќи

Сол
Солта е можеби најпозната како конзерванс на храна и средство за ароматизација. Се користел за зачувување на храната многу илјадници години и е примарен зачин во храната. Но, солта игра и други, помалку познати улоги во храната што ја јадеме како основна хранлива материја, обезбедувајќи вкус, текстура и зајакнувајќи ја бојата.
Пакување:
30кг вреќи

Палмина маст
Палмините масти во моментов се користат на глобално ниво во прехранбени производи заради нивната разноврсна употреба и ниска цена. Се користат во разни процеси на производство на храна, како што се масла за готвење, маргарини итн. Покрај тоа, тие се многу користени во кондиторската индустрија.
Пакување:
20 кг пакет

Декстроза
Декстрозата е име на прост шеќер кој се прави од пченка и е хемиски идентичен со гликозата.
Пакување:
25 кг вреќи

Кантички
850мл
1 литар
2.5 литри
5 литри
10 литри

Растително сирење
Сирењето е главно млечен производ, добиен од млеко или други извори и произведен во широк спектар на вкусови, текстури и форми со коагулација на млечниот протеин казеин (или други протеини и компоненти).
Пакување:
7.5 - 8.5 кг канта

Соин лецитин
Лецитинот од соја е додаток на храна што доаѓа од повеќе извори – во овој случај соја. Генерално се користи како емулгатор, или лубрикант, кога се додава во храната, но исто така има употреба и како антиоксиданс и заштитник на аромите.
Пакување:
225кг буре

Палмино масло
Палмино масло е важно растително масло кое се користи како суровина и за прехранбената и за непрехранбената индустрија. Најголемиот дел од маслото се користи за храна, во готвење, маргарини, намази, кондиторски масти, сладолед и емулгатори. Поради неговото растително потекло, палминото масло е без холестерол.
Пакување:
20л туба

Млечен протеин
Протеините од млекото играат важна улога во структурните својства на кондиторските производи. Овие својства, во спротивност, влијаат на текстурата и вкусот. Нашата компанија застапува млечни протеини од 50% и 85%.
Пакување:
50% | 25кг вреќи
85% | 20кг вреќи

Млеко во прав (обрано)
Млекото во прав е производ направен со испарување на млекото до прашкаста форма. Обезмастеното (обрано) млеко се прави кога ќе се отстрани скоро целата млечна маст од млекото.
Пакување:
25кг вреќи

Млеко во прав (полномасно)
Млекото во прав е производ направен со испарување на млекото до прашкаста форма. Полномасно млеко е она од кое не се одстранети ниту една од неговите состојки (главно Маснотии).
Пакување:
25 кг вреќи

Крем од лешник
Црн млечен крем од лешник
Пакување:
7кг и 13кг кантичка

Гликозно-Фруктозен сируп
Гликозно-фруктозен сируп е засладувач направен од пченкарен скроб. Како и во производството на конвенционален гликозен сируп, скробот се распаѓа во гликоза од страна на ензими.
Пакување:
300 кг буре

Гликозен сируп
Гликозен сируп, познат и како сируп за слатки, Се добива со процес на хидролиза главно на пченкарен скроб.
Пакување:
25кг канти

Јајце во прав ( жолчка / цело )
Јајце во прав е целосно дехидрирано јајце. Јајцата во прав се прават со метода на сушење со распрскување, на ист начин како што се прави млеко во прав. Главните предности на јајцата во прав пред свежите јајца се намалената тежина по волумен и зголемен рок на траење.
Пакување:
25 кг вреќи

Мелени бисквити
Слатки мелени бисквити (презла) од Петит беур
Пакување:
10 кг пакет

Кравјо сирење
Сирењето е главно млечен производ, добиен од млеко или други извори и произведен во широк спектар на вкусови, текстури и форми со коагулација на млечниот протеин казеин (или други протеини и компоненти).
Пакување:
7.5 - 8.5 кг канта

Кравји Путер
Путерот е млечен производ направен од масни и протеински компоненти на млеко. Се користи на собна температура како намаз, како состојка во печење, правење сос, пржење во тава и други процедури на готвење.
Пакување:
10 кг блок пакет
25 кг блок пакет

Урда (растителна / млечна)
Урда е свежо сирење, кое не е зреено како другите тврди сирења.
Пакување:
10 кг канта

Нишесте (пченкарен скроб)
Пченкарен скроб (Нишесте) е популарна состојка што се користи за згуснување на супи, чорби, сосови и десерти. Може да се користи и во разни други рецепти, да омекнe одредени печива и да се додаде цврста облога на зеленчук, месо и кори.
Пакување:
25 кг вреќи

Лимонска Киселина
Лимонска киселина е слаба органска киселина. Се користи како закиселувач, регулатор на ph вредонст и како ароматизирачко средство во различни индустрии.
Пакување:
25 кг вреќи

Калциум Хлорид 95-98%
Калциум хлорид е неорганско соединение. Се користи во преработка на производи, за додавање на солен вкус на кисели краставички и друга храна без зголемување на содржината на натриум. Прскањето овошје и зеленчук со калциум хлорид ја зголемува цврстината и рокот на траење. Нивото на хранлив калциум во замрзнатото овошје и зеленчук може да се подобри со преработка со калциум хлорид. Во млечната индустрија се употребува за убрзување на процесот на коагулирање на протеинот при производство на сирење.
Пакување:
25 кг вреќи

Субститут за путер
Произведен од мешавина од млечни состојки и масти од растително потекло. Популарен производ поради неговата економичност како замена за путерот.
Пакување:
72,5% 10кг пакет
82,5% 1кг и 10кг пакет
22% 10кг пакет

Чоколадо за готвење
Чоколадо за готвење или незасладено чоколадо, е вид на црно чоколадо што се подготвува за употреба како состојка при печење.
Пакување:
10 кг. пакет